КАЛКУЛАТОР ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ВАШАТА ИДЕАЛНА ТЕЖИНА
ИНДЕКС НА ТЕЛЕСНА МАСА
Индексот на телесна маса е добар индикатор
за премалата или преголемата тежина кај возрасните. Овој
индекс често се споредува со маснотиите во телото но сепак
не може да се интерпретира како одреден процент на маснотии,
бидејќи тој процент зависи од возраста и полот на лицето.
Овој индекс најмногу се користи заедно со други тестови
за испитување и пронаоѓање на ризиците кон здравјето на
луѓето. Затоа, ИТМ сам по себе не е дијагноза.
Едно здраво возрасно лице треба да има ИТМ помеѓу 18.5 и
24.9.
Високиот ИТМ предвидува смрт од кардиоваскуларна болест.
Дијабетесот, ракот како и високиот крвен притисок се многу
честа последица од преголемата тежина кај возрасните.
Следната табела ќе ви помогне да се пронајдете себеси според
овој Индекс на Телесна Тежина, кој можете да го пресметате
со калкулаторот што следи потоа:
Премала тежина - ИТМ помал од 18.5
Нормална тежина - ИТМ меѓу 18.5 и 24.9
Голема тежина - ИТМ меѓу 25.0 и 29.9
Преголема тежина - ИТМ над 30.0
|